Со голем концерт во Универзалната сала пред две години на 16-ти мај, Пупиновски ги одбележа четирите децении на сцената и плодната кариера. Тој е еден од ретките наши фолк-пејачи што можат да се пофалат дека го направиле тоа во последните години.
Ефто Пупиноски не запира со своите хитови, тој денес ја објави неговата најнова песна, која е насловена „Песна за невестата“. Станува збор за уште еден голем хит кој ќе се пее на Македонските свадби. Ефто Пупиноски на кратко за Среќа Мк, ни ја опиша идејата за создавањето на оваа песна.
Ефто Пупиноски:
Присуствувајќи на многу свадби во мојот естраден живот ми се наметна потребата да направам специјална песна за она што е центар на случувањето на секоја свадба – НЕВЕСТАТА.
Гледано од повеќе аспекти таа во целиот свадбен амбиент е најубавото нешто, централна фигура преплавена со емоции и едиствената особа облечена во бело. Со посебна почит и внимание, нека „Песна за невестата“ и е почеток и патоказ на патот во животот во кој зачекорува.
Во продолжение слушнете ја новата песна на Ефто …