Либанскиот креатор Zuhair Murad ја претстави својата нова колекција насловена како Resort 2017 кој има за цел да ја претвори секоја жена во егзотична кралица на џунглата. Тоа го постигна користејќи прозирни материјали, тропски принтови во комбинација со гладијатор-сандали. Од свечени до секојдневни парчиња, Зухаир беспрекорно ги обедини своето либанско наследство со модерниот дизајн и овај пат не ја изостави елеганцијата и гламурот која е проткаена низ сите негови колекции. Овој светски познат дизајнер во својата најнова колекција нуди елегантни фустани, лежерни здолништа, шорцеви, и туники за на плажа инспирирани од тропската флора и фауна. Уживајте во колекцијата која со стил ќе ве однесе во тропскиот рај.