Категории

Ех колку ќе беше посреќна да не се прашуваше што ќе зборува народот

Како човек го упропастува својот живот поради другите луѓе и мислења

„Отсекогаш бев тип на човек кој се извинува за се. Му се извинувам на келнерот кога ќе донесе погрешен пијалак и кога ќе побарам нов. Се извинувам кога некој ќе се судри во мене без размислување. Им се извинувам на сите кога ќе направам нешто погрешно.

Но, најлошо од се е што се извинувам и кога ќе направам нешто за себе. И секогаш се чувствувам лошо поради тоа. Иако сум направило нешто добро за себе, нешто вредно за живеење. Не би требала да се извинувам за нештата кои ги права а ме усреќуваат. Не би требала да се извинувам ако одбијам некој згоден маж кој сака да танцува со мене.

Не треба да се извинувам ако моето постоење ги расипува туѓите планови. не би требала да се извинувам што не сум срдечна во секој миг. Не би требала да се извинувам затоа што понекогаш велам „Не“ или „Да“. Не би требала да се извинувам кога зборувам онака како што навистина се чувствувам.

Не би требала. На крајот од денот, сите треба да го правиме само она кое е најдобро за нас. без оглед на погледите или трачевите. Треба да го правиме она што не радува на крајот на долгиот напорен ден. Мораме да престанеме да се извинуваме затоа што сме такви какви што сме – свои.

Затоа што сами себеси си пружиме можности. И затоа – престани да се извинуваш – па и за најмало нешто. Престани за миг да се сомневаш во себе. Вредиш повеќе отколку што си мислиш. Попосебна си отколку што мислиш. Затоа исправи се и тргни по она што отсекогаш си го сакала.

Она што отсекогаш си го сонувала. Тргни! Живеј го животот кој отсекогаш си го посакувала. Ако треба, пресели се на другиот крај на земјата. Заљуби се во некој кој е поинаков од „твојот тип на маж“. Прави нешто друго наместо да седиш во канцеларија од 9 до 5. Планинари ако тоа те прави среќна. Откриј го нештото кое прави да блескаш. И направи го без извинување. Не живеј живот кој им припаѓа на другите!“

Прегледи:
444
Објавено на:
06.02.2020