Категории

ЕКСКЛУЗИВА: МАЕСТРАЛНАТА МИРЈАНА КАРАНОВИЌ КАКО КОНТРОВЕРЗНАТА МАРЛЕН ДИТРИХ ВО ПРЕТСТАВАТА НА САРАЕВСКИОТ НАРОДНИОТ ТЕАТАР, ДОАЃА ВО СКОПЈЕ!

,,МАРЛЕНА”

3 МАРТ

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

Почитувани,

Следниот проект на Авалон Продукција можеби е невообичаен, но е секако специјален.

На 3 март, во Македонска филхармонија, сите ќе имаме можнот да ја гледаме сигурно една од најголемите југословенски глумици, Мирјана Карановиќ во улога на контроверзната германска ,,femme fatale”, холивудската глумица, пејачка и активистка,  Марлен Дитрих.

Во режија на Харис Пасовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа, претставата „Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice“ ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал ,,Mittelfest”, а на 3 март ќе одржи ексклузивна премиера во Македонска филхармонија.

,,Уметноста не може да биде удобна и сигурна. Ако си уметник, мораш да се изложуваш, да одиш подалеку од другите. Марлен Дитрих беше таков уметник”.

А, таква е и оваа претстава.

Влезниците ќе бидат во продажба од понеделник (5 февруари) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од:

1.500 денари и

ВИП – 2.000 денари.

Ваша,

Авалон Продукција

 

Прегледи:
55
Објавено на:
02.02.2024