Популарната артистка повторно заплива во дизајнерските води после гигантскиот успех кој го достигна со својата линија Fenty во соработка со спортскиот магнат Puma, а овој пат таа се докажа во дизајнирање на накит за брендот Chopard. Луксузната куќа за скапоцености и драги дијаманти заедно со креативната директорка Каролин Шуфеле ја избра Ријана во создавањето на новата колекција именувана како Rihanna x Chopard. Раскошната дијамантска серија содржи 9 ексклузивни парчиња, кои ја содржуваат препознатливата естетика на пеачката. Особено се истакнуваат геометриските мотиви изработени од розово злато и смарагд, како и висечки обетки обогатени со разнобојни драги камења. Секој модел е планирано да биде изработен во 2000 примероци кои ќе бидат достапни за широка продажба.