Најголемиот моден спектакл во годината кој сите со нетрпение го очекуваат – шоуто на Victoria’s Secret синоќа премиерно се одржа во срцето на Франција – Париз.
51 модел зачекорија на ѕвездената писта облечени во маестрални креации кои изобилуваа со сензуалност, гламур и екстраваганција. Шоуто беше поделено на шест сегменти
„The Road Ahead“ , „Secret Angel“, „Mountain Romance“ , „Dark Angel“ , „Pink Nation“ , и „Bright Night Angel“ а секој од нив претставуваше различна култура. Овогодинешната магична идила на сцената ја надополнија музичките ѕвезди Lady Gaga, Bruno Mars и The Weeknd.
Вратите на бајковитиот спектакл ѕрадиционално ги отворија ангелите-ветерани Адриана Лима и Алесандра Амбросио, а честа за прв пат да чекорат по пистата ја добија моделите Ирина Шајк и Бела Хадид. Погледнете ги сите креации кои синоќа го направија овој настан вреден за паметење.