Потпетиците изработени од мрежест материјал, тул и чипка се вистински избор за празничната сезона поради својот уникатен елегантен изглед.
Оваа година тие се хит кај бројни престижни дизајнери како Christian Louboutin, Jimmy Choo, Charlote Olympia, Dior и многу други. Тие совршено се вклопуваат во комбинација со свечени фустани но можете да ги носите дури со фармерки, тие се сенаменски и функционални па баш поради тоа сигурни сме дека ќе пронајдат место во плакарот на секоја стилска дама.