Категории

„Елементал“ и Скопје 10 години љубов

„Елементал“ и Скопје 10 години љубов- Оваа сабота забавата е во „Вип Арена Борис Трајковски“

Хрватскиот бенд Елементал оваа сабота подготвува изненадување за своите фанови во Македонија. 18 март, „Вип Арена Борис Трајковски“ е местото каде што „Елементал“ ќе прослават 10 години од својот прв настап во Скопје со нивното концертно шоу „Денот Е“.

После сите успешни клубски свирки, за првпат настапуваат на голем концерт во Македонија каде што ќе ги испеат сите најголеми хитови од претходните 19 години, како и песните од најновиот албум „Тјело“.

Влезниците во претпродажба може да се купат по цена од 300 денари, а потоа по 400 денари во Пола Југотон и на продажните места на Купи Карти За Се. Почетокот на концертот е закажан за 20:30 часот.

19 години од нивното постоење, 10 години во Скопје рима, ритам и музика со Елементал.

Прегледи:
334
Објавено на:
16.03.2017