Категории

Elie Saab повторно создаде магија

Либанскиот дизајнер како и секогаш повторно воодушеви со својата најнова resort колекција.

Неговиот препознатлив естетски потпис вклучува доволна доза на драматичност, магија и женственост што секогаш предизвикува WOW ефект кај своите обожаватели.

Неговите тоалети даваат чувство како да се креирани за принцези, а лрекрасните совршени силуети секогаш изгледаат ракошно и моќно. Во својата најнова колекција тој успеа да ги соедини мракот и светлината, односно креира спој како огнена фузија која потсеќа на пламен комбинирајќи ги црвената и сината боја..

Без сомнение што и да излезе од неговите раце е вистинско ремек дело.

Прегледи:
824
Објавено на:
10.06.2017