Категории

Еликсир на младоста – Цедените масла се задолжители во темелната нега на кожата

Доколку сеуште не сте ги вклучиле во вашата секојдневна рутина, ви ги споделуваме сите благодети на цедените масла и како тие влијаат врз беспрекорниот изглед на кожата и зачувувањето на младоликоста.

Ладно цедените масла се темел во исхраната на кожата, без оглед на нејзиниот тип – било да се работи за сува, масна или зрела кожа.

Многу жени не ги сакаат природните масла затоа што сметаат дека после нивното нанесување кожата ќе им биде масна и сјајна. Тоа не мора да биде така ако го најдете идеалниот тип за својата кожа. А она на кое морате особено да внимавате е тие да бидат ладно цедени.

Што се подразбира под тоа „ладно-цедени“?
Тоа подразбира дека во процесот на добивање на маслото, растителниот материјал не се изложува под температура повисока од 60-65 степени затоа што тогаш се оштетуваат молекулите на маслото и витамините кои се наоѓаат во нив.
Предност во користењето на природната козметика е во тоа што се користат состојки слични на дермисот, додека во класичната козметика како база се користат нафтени деривати како што се парафините и вазелинот. Исто така во комерцијалната козметика често неизбежна состојка е конзерваност, кој може да ги иритира оние кои имаат чувствителна кожа затоа што делува како алерген.

Масла наменети за масна кожа
За масна кожа се препорачува масло од јојоба кое содржи многу важни нутриенти како што е антиоксидансот витамин Е, комплекс Б-витамини, минералите хром, бакар, силициум, јод и цинк.
Маслото од јојоба по хемискиот состав е слично на себиумот на кожата и кога се нанесува формира тенок немасен слој. Тој е делумично пропустлив и овозможува дишење на кожата и контрола на нејзината влажност. Тој го регулира лачењето на себум, не ги затвара порите а истевремено ги хидрира сувите делови на лицето. Брзо се впива и после нанесувањето кожата станува седефаста. Поради големата содржина на јод, јојобата има антимикробно дејство со кое спречува развој на бактериите и габи на кожата. На проблематичната кожа склона кон акни може да делува на два начини – да го намали лачењето на себум и да ја заштити кожата од штетни бактерии.

Масла наменети за сува кожа
Маслото направено од коски од кајсија е идеално за дехидрирана и зрела кожа. И ја враќа влажноста, и пружи интензивна нега и исхрана, и штити од лошите надворешни влијанија. Во составот има олеинска, линолна и памитинска, стеринска и палмитоленска киселина. Ги обновува ќелиите на кожат аи го активира нивниот метаболизам.
Тоа се апсорбира одлично и не создава чувство на маснотија. Тоа е честа состојка во најскапите козметички препарати кои го содржат во доста мала количина. Се препорачува за нега на кожата кај жени од 20-40 години.

Масла наменети за зрела кожа
Маслото од дива ружа ги нуди сите предности на ретинолот, но без нуспојави кои обично се создаваат при користење на произдводите кои ја содржат оваа киселина. Хијалуронската киселина се наоѓа во ова масло и тоа во природна состојба. Богато е со незаситени масни киселини кои ги намалуваат флеките од пигментацја и делуваат против длабоките брчки.

Содржи витамин Е кој спречува стареење, го забрзува обновувањето на кожата особено после изложеност на УВ зрачење. Одлично делува на отстранување на стрии, лузни, старечки пеги и егземи. Ја поттикнува хидратацијата и ревитализацијата на кожата, ја зголемува еластичноста и го стимулира создавањето на колаген.