Британската манекенка и глумица Емили Ратајковски е една од најследените познати личности на социјалните мрежи, а кога ќе се земат предвид фотографиите што ги објавува, не е ни чудно.
Згодната бринета не пропушта можност да се пофали со совршеното тело, а овој пат имаше причина плус да биде горда. Емили се најде на насловната страница на шпанското издание на престижниот магазин „Венити фер“, а како што и очекувавме, и овој пат е доста разголена…
Инаку, Емили неодамна изјави дека најдобро се чувствува кога е сосема гола. Судејќи по коментарите на социјалните мрежи, и нејзините машки следбеници исто така се чувствуваат одлично кога таа е разголена…
Извор : Убавина&Здравје.мк