Категории

Емотивна средба: По 14 години ќерката на Хајди Клум го запозна биолошкиот татко

Ќерката на некогашниот супермодел емотивно реагирала на средбата со биолошкиот татко, италијанскиот бизнисмен.

Најстарата ќерка на Хајди Клум, Лени не пораснала со биолошкиот татко и никогаш не го запознала, но изгледа дека работите се промениле по средбата во Италија.

Манекенката и италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе раскинале во 2004 година, пред да се роди Лени.

Хајди заедно со родителите, трите деца и бивишот сопруг била во хотел каде што подоцна им се придружил и татко на Лени. Таа била многу возбудена поради средбата, а долго време се прегрнувала со Флавио.

Како пренесуваат странските медиуми, Хајди била присутна со целото семејство и сите биле среќни и задоволни и заминале на заеднички ручек.

Вистина.мк

Прегледи:
351
Објавено на:
14.08.2018