Една девојка и нејзиниот дечко заминале на патување низ Европа и Азија. Во Грција пронашле мало кученце, кое било оставено на улица.
Решиле да го земат со себе и после долго време, успеале да извадат документи за него, по што, заедно ја продолжиле својата авантура. За време на патувањето, кучето пораснало и научило многу. Но, по некое време, се случило нешто неочекувано.
Поради топлото време, за време на престојот во Индија, кучето го пуштиле на кратко надвор од комбето за да се разлади. Но, после половина час, некој им тропнал на вратата од комбето и им кажал дека некој им го украл кучето. Се обидувале да го пронајдат. Дури и следувала и награда за оној кој ќе го пронајде, но од нивното куче немало ни трага ни глас.
После 106 дена, еден човек ги исконтактирал и им кажал дека го пронашол кучето на една плажа. Тие веднаш се качиле во авион и заминале за Индија. На нивната повторна средба и немало крај. За тоа говори и видеото подолу. Навистина е тешко кога човек ќе го загуби своето куче, но уште поголема е радоста кога повторно ќе се сретнеме со нив.