Категории

Емотивната трудница Кели Кларксон ја расолзи Џеј Ло со изведба на песна посветена на ќеркичката

Првиот американски идол, Кели Кларксон, синоќа се врати на сцената на шоуто во кое победи во 2002 година и ги расплака сите присутни, вклучително и себеси. Кит Урбан плачеше како дете, додека Џенифер Лопез со насолзени очи го следеше емотивниот настап.

33-годишната Кларксон, која е во 9. месец од бременоста со второто дете, низ солзи ја изведе песната „Piece by Piece“ во последната сезона на шоуто American Idol. Синглот е дело на Кларксон, а е посветен на нејзината 20-месечна ќерка Ривер Роуз.

Песната ѝ носи на Кларксон толку многу емоции поради тоа што во неа се мешаат нејзиното минато и нејзината сегашност – напуштањето од страна на нејзиниот татко кога била малечка, како залудно го молела да ја сака, но и како нејзиниот сопруг успеал да ги собере парчињата кои татко ѝ ги оставил зад себе и да ги спои со својата љубов.

„Мојот сопруг пристигна во мојот живот како целосна спротивност на мојот татко. Тој е присутен“ – изјавила Кларксон по објавувањето на песната.

ВИДЕО ОД НАСТАПОТ

https://www.youtube.com/watch?v=9FHYBQxURQo

01

02

03

05

06

07

08

СПОТОТ ЗА ПЕСНАТА „PIECE BY PIECE“

Прегледи:
455
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
27.02.2016