Категории

Емотивно писмо од мајка до својот син: „Ти си маж кога ќе сфатиш дека емоциите се здрави и не се нешто што треба постојано да го криеш“

 

„Драги сине. Сакам да израснеш во силен, но скромен човек кој ги сака другите со отворено срце и не се плаши да го покаже тоа. Во човек кој крие вистинска сила во себе, но и кој влијае на светот околу него на топол начин. Сакам да се однесуваш со почит кон другите, а особено кон луѓето што ги сакаш. Сакам да разбереш дека ранливоста не те прави слаб и дека строгиот, остар став не те прави маж. Ти си маж кога знаеш како да ги ставаш потребите на другите на прво место, кога се однесуваш достоинствено и со почит кон сите, кога ги браниш оние што треба да се бранат. Ти си маж кога ќе сфатиш дека емоциите се здрави и не се нешто што треба постојано да го криеш. Она што треба да знаеш е дека во животот можеш да правиш што сакаш, но никогаш не заборавај да сакаш до крај. Доживотната љубов е повреден подарок, затоа не убивај се во кариерата оставајќи ја љубовта настрана. Љубовта нека ти биде приоритет. Биди човек од збор и биди сигурен дека луѓето што те сакаат можат да се потпрат на тебе. Не крши ги ветувањата. Биди отворен, но, се разбира, само кога знаеш дека го добиваш она што го заслужуваш и од другата страна. Не заборавај да се грижиш за себе. Само кога си задоволен со себе, ќе можеш искрено да ги направиш другите среќни. И запомни дека ова не е себичност. Она што сакам да го знаеш е дека си сакан во секое време. Знај дека е во ред да бараш помош и не мора секогаш сам да знаеш се. Биди пример за другите, биди човек што вреди да се знае, вреди да се сака, секогаш вреди да се запамети.“

 

Прегледи:
496
Објавено на:
17.08.2021