Категории

Епската колекција на Marchesa која го одзема здивот

Модната куќа Marchesa на њујоршката модна писта ја воодушеви верната публика со својата најнова колекција за есен/зима 2017. Тоа е една класична, магична и надреално убава композија како спој од гламурозното и безвременското.
Инспирирана од расцветаните пролетни градини, таа уште еднаш покажа зошто е една од најпрестижните модни куќи чии креации се вистински престиж да бидат облечени на црвениот тепих. Магичните вечерни тоалети со цветни принтови, пастелни нијанси, лелеави материјали, чипка и свила создаваат еден навистина поинаков свет. Она што оваа модна куќа прави е жената да се чувствува како да е лик од фантазиите. Модното дуo Keren Craig и Georgina Chapman создадоа модна приказна инспирирана од пролетта која не остава никого рамнодушен.

Прегледи:
480
Објавено на:
17.02.2017