Категории

Есен во знакот на златната боја

Златната боја е симбол на префинетост и елеганција. Само еден додаток во златна нијанса во вашата комбинција умее да ја претвори во неверојатно луксузна и женствена. Таа најчесто се поистоветува со студената сезона поради тоа што умее да внесе колорит во изгледот но истовремено делува “резервирано” и ненападно.

Оваа есен морате да ја поседувате во вашиот плакар, било тоа да е некој аксесоар како ташна или обувки, или пак здолниште, блуза или палто.

Прегледи:
407
Објавено на:
04.09.2017