Категории

Marc Jacobs создаде колекција во урбан хип-хоп стил

   Секогаш препознатлив по своите спектакуларни шоура, на модната писта овој пат познатиот дизајнер претстави една навистина фантастична колекција која го добие името “Respect”. Инспирирана од хип-хоп културата каде се вмешани си цилни влијание од уличниот стил од ’70-тите, Marc Jacobs на њујоршката публика им презентира една доста носива колекција проткаена низ кул и естетични парчиња, со доволно иновативност според сегашните актуелни трендови.

„Пред неколку месеци гледав еден одличен документарец насловен како ‘Hip-Hop Evolution’. Серијал од четири делови кој прикажува како хип-хопот предизвика силно влијание не само врз музиката туку и врз стилот. Оваа колекција е посветена на генерацијата која секогаш ќе се смета за зачеток на уличната мода.“ – напиша дизајнерот на својот Instagram профил. Притоа во својата модна визија за стилско истакнување на хип-хоп културата, обрна внимание на секој детал – од најситните елементи на облеката до главните модни додатоци. Како доминанти бои ги зеде крем, бледо жолта, беж, бордо и темно сиви со мал пресврт кон силно црвени. Силно влијание врз седумдесеттите години имаа кроевите, фантастичните капи, statement накит. Подолу погледнете ја целата колекција.

Прегледи:
581
Објавено на:
17.02.2017