Категории

Еуфорично и разиграно отворање на Skopje Calling 2017 со Thievery Corporation

Со своите уникатни звуци Thievery Corporation ја разиграа македонската публика и на одличен начин го означија стартот на летниот фестивал Skopje Calling.

 

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

Оваа година е второто издание на Skopje Calling, во организација на Авалон, со намера да стане традиционален фестивал кој ќе носи квалитетни и познати имиња од музичкиот свет. Како датум за отворање на овогодинешниот музички фестивал беше закажан 20-ти јуни, а отвореното небо и совршената вечер на стадионот на АРМ го направи доживувањето комплетно.

 

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

Фестивалот го отворија Thievery Corporation, а како ѕвезда на следната фестивалска вечер која ќе се одржи на 23-ти јуни ни доаѓа Martin Garrix.

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

Со своите реге и танц звуци, го претставија нивниот последен албум The Temple of I and I, што беше вистинско уживање за бројната публика која еуфорично играше на нивните звуци.

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on


Музиката испреплетена со различни стилови од реге, источна, хип – хоп, електронска, бразилска…донесе вистинско освежување на музичката понуда кај нас, а и направи среќни многу фанови на Thievery Corporation.

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on


Македонија ја имаше честа да биде дел од европската турнеја на овие 20 музичари кои го сочинуваат овој феноменалниот американски бенд, предводен од Eric Hilton и Rob Garza, кои умеат да направат вистинско уживање и со нивните звуци и енергија да ве одведат во некои други простори каде може само да пеете, да танцувате и да уживате.

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on


Уникатноста на Thievery Corporation како музички колектив произлегува од нивниот спој од разни светски музичари кои ја обединуваат светската традиција на еден истакнато современ начин.

Меѓу 20-те музичари на сцена, на бас свити харизматичниот Ashish Vyas, на гитара и ситар свири виртуозниот Rob Myers, додека на перкусии, пак, Frank Orall и Jeffrey Franca.

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

Звучниот инженеринг, програмирање, ритмичките и хармонските делници во живо ги носи продуцентот на бендот и водечкиот авторски двоец Eric Hilton и Rob Garza.

 

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

Една од најзначајните карактеристики на овој бенд, секако, е и сценската продукција која секогаш подразбира изразено визуелно искуство за кое се грижи посебен дел од овој вонсериски уметнички колектив.

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

Авалон ни подготви забавно лето, со Skopje Calling на самиот старт на летото, но ни претстои и Ohrid Calling 2017 со исто така звучни имиња и гарантирано добра забава!

Прегледи:
506
Објавено на:
21.06.2017