Категории

ЕУРО 2016: Едер и ја донесе втората победа на Италија

Репрезентацијата на Италија ја постигна и втората победа на Европското првенство во фудбал откако попладнево во Тулуз ја победи Шведска со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Едер во 88.минута. Италија со овој триумф заедно со домаќинот Франција се единствените селекции со максимален учинок и обезбеден пласман во осминафиналето.

Ова беше првиот дуел од 2.коло од Е групата, а утре ќе играат Република Ирска и Белгија. Шведска остана на еден бод.

Денеска на Европското првенство се играат и двата натпревара од групата Д. Во 18 часот е почетокот на дуелот во Сент Етиен меѓу Хрватска и Чешка, а од 21 часот во Ница играат европскиот шампион Шпанија и Турција.

Прегледи:
380
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
17.06.2016