Категории

Еве како да избегнете сува кожа оваа зима!

Како што се менуваат сезоните со промена на облеката, треба да го промените и начинот на негата на кожата. Еве како да избегнете сува кожа оваа зима!

Користете нежни средства за миење на лицето, користете крема или лосион за чистење на шминката. Избегнувајте туширање со топла вода, бидејќи со тоа го отстранувате липидниот слој на кожата, што доведува до дополнително сушење. По капењето, нежно избришете го телото со пешкир за да избегнете иритација.

Промените треба да бидат воведени и кога станува збор за изборот на текстурата на кремата. Лесните хидратантни креми треба да ги замените со хранливи, богати и густи формули. Таквите креми се често збогатен со масла кои не ги затнуваат порите.

За сува кожа се користат масти, креми и лосиони. Кај екстремно сувата кожа треба да користите масти. Лосионите се користат за нега на големите површини на кожата.

Во зимо луѓето имаат послаба циркулација на рацете и нозете, затоа, во вечерните часови, мачкајте ги нозете со креми кои содржат хранливи материи и носете памучни чорапи.