Категории

Еве како да станете неодоливо шармантни

Шармот нема никаква врска со вашиот физички изглед, главно зависи од вашето однесување и карактер. Сепак, можно е да се практикуваат одредени „правила“.

Обрнете внимание на начинот на кој зборувате
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои тивко зборуваат се нежни, а другите ги сметаат за груби и недоверливи. Покрај тоа, луѓето кои разговараат на висок тон ги сметаат за нискообразовани и помалку привлечни луѓе.

Избегнувајте фалење
Овој начин на самопромоција никој не го сака и создава спротивен ефект. Ова го докажуваат и истражувањата кои покажале дека другите луѓе фалбаџиите ги сметаат како неискрени и воопшто непривлечни.

Бидете доверлива личност
Секој сака да има личност на која може да и верува. Затоа е важно да се знае дека луѓето кои се подготвени да помогнат, подготвени да соработуваат и кои немаат ладен пристап, другите ги сметаат за многу привлечни.

Прегледи:
452
Објавено на:
24.08.2019