Категории

Еве како изгледаат денес близначките кои се родија држејќи се за раце

Овие сестри заедно ја делеле плацентата, а и ден денес се нераздвојни.
Џена и Џилијан од САД се родиле со царски рез во октомври 2014 година како моно-моно близначки, што значи дека ја делеле плацентата, што се случува во една од 10.000 бремености.

Нивната приказна ги освои срцата на целиот свет затоа што на свет дошле држејќи се за раце. Фотографијата е направена недолго по породувањето и како пожар се прошири на социјалните мрежи.

Шест месеци по раѓањето, девојчињата не се одвојувале една од друга. Останале приврзани и гледано од страна, секогаш се чини дека се обидуваат да бидат што поблиску една до друга. Ваквата приврзаност потсетува на односот на еднојајчаните близнаци, но притоа е уште поцврста.

https://www.youtube.com/watch?v=e4D0p5V4pZ8

Нивните родители тврдат дека девојчињата задолжително се расплакуваат кога некој ќе се обиде да ги раздвои, а толку наликуваат една на друга, што само постариот брат со сигурност може да ги разликува.

Прегледи:
428
Објавено на:
20.08.2016