Обично, како што минуваат годините, родендените се понемасовно и понепомпезно се слават… Или воопшто и не се слават! Македонскиот шоумен, ТВ водител, музичар и актер, Игор Џамбазов сепак славеше роденден! Или поточно речено, другите решија да му го одбележат. И тоа на најдобар начин! Во мало одбрано друштво, во кое беа неколку од неговите најблиски пријатели. Од нив најпознати актерот Тони Михајловски со сопругата, актерката Јелена Жугиќ во улога на мобилен камера оператор и главната „церемонијал мајсторка“, Весна Бејби Петрушевска со децата!
За славеникот честитки, многу желби, прегратки и бакнежи и секако роденденска торта! А на неа, 50 и… свеќички! Со неизбежната „Happy birthday“ и дување на восочната бројка на тортата, македонскиот шоумен не ја пропушти можноста да направи и приватно шоу за присутните… ( погледнете го видеото).
А мама Весна Бејби, се што имаше да му каже и посака на Игор, уште еднаш да го потврди со роденденски Фејсбук статус!
И секако роденденско селфи за спомен и долго сеќавање!
Извор : Вистина.мк