Некогашната спајсица која стана позната како сопруга на фудбалската суперѕвезда, денес е една од најбараните модни дизајнерки и нај ценетите модни икони на светот. Кој ако не Викторија Бекам е подобар избор за насловна на модно списание. Ѕвездата која точно за една недела ќе го прослави својот 43-ти роденден, позираше за мајското издание на британскиот магазин Elle во минималистички стил, облечена во бела предимензионирана кошула, и доловува вистински класичен и безвременски изглед.
Во интервјуто за списанието, Викторија сподели и детали од својот приватен живот и не изостана да го спомени својот сопруг:
„Дејвид е прекрасен. За време на модната недела во Њујорк, додека бев преплавена со работа, Дејвид осмисли цела програма за децата, ги носеше во музеи и на вечери. Тоа е вистинскиот начин како треба да се покаже поддршка во бракот, и тоа е она што ја сочинува добрата врска“.