Категории

Еве како изгледаат денес нашите омилени „Млади бунтовници”

Поминаа 13 години од емитувањето на една од најпопуларните тинејџерски серии која сите верно ја следевме и на која и ден денес со носталгија се присетуваме – аргентинската серија „Rebelde Way”. Еве како денес изгледаат главните јунаци од омилената серија.

Пабло Бустаманте – Бенџамин Рохас

01-pablo-bustamante-123

30-годишниот актер после глумењето во неколку серии, одлучил да се посвети на својата друга кариера – пеењето, и во 2013 година го формирал бендот „Роко“, но потоа се одделил и започнал соло кариера.

Миа Колучи – Луисана Лопилато

02-mia-koluci-43

Актерката (28), која исто така после серијата „Млади бунтовници“ глумеше во уште неколку други серии, на крајот одлучи да се посвети на моделингот и оттогаш се има појавено на многу насловни страници и има рекламирано многу познати брендови. Луисана е омажена за канадскиот пејач Мајкл Бубле со кој има две деца.

Марица Пиа Спирито – Камила Бордонаба

03-marica-spirito-23

Актерката која сега има 31 година, во 2011 година одлучила целосно да се посвети на својот проект „Arcoyrа“, каде што со караван ја посетувала целата земја со нејзината уметност.

Мануел Агире – Фелипе Коломбо

04-manu-agire-43

33-годишниот Фелипе Коломбо после серијата која го прослави, ја продолжил својата актерска кариера во многу театарски претстави и телевизиски серии. Исто така, тој е дел од бендот „Роко“ во кој членови се и Бенџамин Рохо и Вили Лоренцо.

Пилар Дуноф – Микаела Вазкез

05-pilar-dunof-4

Главно, Микаела (29) после серијата „Млади бунтовници“ се појавила во неколку телевизиски серии како „Оженет со децата“ и „Ти си мојот живот“. Моментално ја презентира програмата „Fans World“.

Лухан Линарез – Јасмин Бекар Варела

06-luhan-linarez-43

29 – годишната актерка после „Млади бунтовници“ имала шанса да се појави само уште во две серии – „Ромео и Хулиета“ и „Јас сум девица“.

Гидо Ласен – Диего Месаглио

07-gido-lasen-43

Неговата најзначајна улога после појавувањето во неколку телевизиски серии е тоа што му го позајмил својот глас на еден лик во анимираниот филм „Campanella Futbolin“.

Сабрина – Химена Акарди

08-sabrina-seksi-543

30 – годишната Химена Акарди продолжила со својата актерска кариера во успешни серии како „Наследници на една одмазда“.

Маркос Агилар – Диего Гарсија

09-markos-43

Неговите последни улоги биле во сериите „Флорисиента“ и „Бојата на гревот“ во 2011 година.

Томас Ескура – Хорхе Магио

10-tomas-eksura-43

33 – годишниот Хорхе, кој во „Млади бунтовници“ ги освои женските срца, одлучил после глумењето во неколку телевизиски серии да се посвети на работата како спортски новинар.

Прегледи:
947
Категории:
Филмови и серии
Објавено на:
18.01.2016