Категории

Еве колку чини килограм лубеница во Скопје а колку во Струмица

Во полн ек е бербата на бостан во струмичкиот регион – јавуваат струмичките локални телевизии и портали. Како што пишуваат ТВ Вис и Струмица денес, откупната цена на бостанот се движи помеѓу 6 и 8 денари за килограм.

Македонскиот бостан најмногу се извезува во Чешка, БиХ, како и во Бугарија, Романија и Белорусија. Дел од земјоделците се задоволни од откупната цена, а дел засадиле други култури демотивирани од ланските откупни цени и сушата.

12 до 15 денари за килограм – деновиве се движи цената за килограм на пазарите во Скопје, како и во големите маркети и локални продавници. Ако правиме проценка врз основа на искуствата од минатите години, ова е максималната цена на лубениците, а во наредниот период цената ќе се намалува и ќе достигне помалку од 10 денари за килограм вкусна и освежителна лубеница. 

Прегледи:
1485
Ознаки:
Објавено на:
06.07.2016