Категории

Еве што научив од богатите луѓе!

Дејвид работел како батлер кај едно богато семејство, а ова се животните лекции кои ги научил таму. Кога ќе се спомне батлер, луѓето најчесто помислуваат на постар човек со фини манири. Тоа всушност не е случај во денешно време.

Денес тоа може да биде многу млад човек кој е пратен од агенција која се занимава со тие дејности. Овој батлер ги споделува најважните работи кои ги научил додека ја работел оваа професија.

Семејството е сѐ

Како што вели, нема никаква поента да создадеш големо богатство ако немаш луѓе со кои можеш да ги поделиш. Семејството секогаш треба да биде на прво место.

Ништо без добро здравје

Човекот за кој работел Дејвид, како што тврди, бил многу загрижен за здравјето и имал медицински персонал кој се грижел за него.

Луѓето се само луѓе, без обзир на богатството

Без обзир на тоа колкаво богатство имате, ако се однесувате кон луѓето со почит, тие ќе ви возвратат со иста мера, без обзир на нивната позиција, титула или големина на сметката во банка.

Живеј за да даваш

Без обзир на тоа што штедел кога можел, неговиот работодавач бил најдарежливата личност која ја запознал. Тој „богаташ“ освен што им давал одлични услови на вработените, голем дел од парите ги давал и во различни хуманитарни организации и болници.