Категории

Еве зошто е здраво да се плаче!

Дали плачете на тажни сцени во филмовите или се правите силни? Ако не пролеете ниту една солза, знајте дека емотивците се посреќни од вас.

Емотивците се посреќни од другите луѓе, покажа холандска анкета во која испитаниците ги гледале филмовите Животот е убав и Хачико: Приказна за куче и двата се рангирани високо според бројот на пролеани солзи. Нешто повеќе од 50 проценти од испитаниците плачеле додека ги гледале избрани филмови. Веднаш по завршувањето на филмот учесниците во истражувањето биле прашани како се чувствуваат, потоа повторно по 20 минути и повторно по 90 минути.

Расположението на оние што не плачеле не се сменило ниту веднаш по филмот, ниту по некое време. „Плачковците“ се чувствувале лошо веднаш откако филмот завршил, но нивното расположение се врати во нормала по 20 минути, а по 90 минути расположението им било подобро отколку пред да го гледаат филмот!
Плачењето се чини дека делува како емоционален чистач, заклучуваат истражувачите и може да го подобри расположението. Следниот пат, понесете шамиче на кино и испуштете солза без срам.

Прегледи:
514
Објавено на:
29.08.2019