Категории

Еве зошто Лондон е еден од најубавите градови за време на Божиќ

Целиот град е украсен со најспектакуларните инсталации што го прави еден од најубаво украсените божиќни градови во светот.

Лондон е еден од највозбудливите и најдобри градови на светот и секогаш постои причина за да го посетите. Без оглед на тоа за што конкретно сте заинтересирани, секој ќе пронајде нешто за себе и баш затоа главниот град на Англија се смета за еден од најпривлечните градови на светот. Иако тој е прекрасен во секоја доба од годината, за време на божиќните празници изгледа особено магично.

Целиот град е украсен со најспектакуларните инсталации што го прави еден од најубаво украсените божиќни градови во светот. Секоја година декорациите се по грандиозни и впечатливи од претодната и божиќната атмосфера владее во секој агол. Особено се истакнува популарниот плоштад Covent Garden и неговите спектакуларни лусери. Regent Street е украсена со декорации во вид на ангели, а на Trafalgar Square се наоѓа божиќно дрво кое датира од 1947 година.

Во Лондон можете да пронајдете голем број лизгалишта на прекрасни логации, а едно од нив е сместено кај музејот Natural Historu. Во средината е украсено со божиќно дрво а го осветлуваат илјадници ламби. Величенствениот двор Somerset House исто така секоја година се претвора во лизгалиште кое се смета за едно од најубавите во светот. Додека се лизгате можете да уживате во извонредната храна, шампањ и тартуфи, а навечер се претвора во подиум за танцување благодарение на бројните фестивали кои се одржуваат.
Тука е и луна паркот и божиќниот саем кој исто така е извонредно место кое секоја година привлекува милиони посетители. Лондонските улици се познати по прекрасната естетика, а секој агол донесува ново изненадување. Ресторанот 34 Mayfair оваа година е прекриен со повеќе од 14 илјади божиќни украси и декорации а фасадата на ресторанот The Ivy Chelsea Garden се претвора во winter wonderland инспириран од Нарнија.

Прегледи:
604
Објавено на:
21.12.2019