Категории

Еве зошто треба да му се насмеете на вашето куче

Благонаклонетоста и довербата меѓу луѓето и кучињата се стекнува само со една насмевка што создава испуштање на љубовниот хормон – окситоцин.

За да се докаже оваа теорија, направено е истражување во кое на група кучиња им покажале фотографии од насмеани и лути лица. Реакцијата на фотографијата кај кучињата била мерена со помош на направа за следење очи.

Лутите лица им предизвикувале непријатните емоции поради кои тие се подготвувале за напад или за да избегаат. Насмеаните лица пак, им предизвикувале пријатни емоциии тие се чувствувале удобно и безбедно додека ги гледале.

Од ова можеме да заклучиме дека треба да му се насмевнете на кучето секојпат кога ќе го погледнете. На овој начин тоа ќе се чувствува побезбедно и поопуштено и брзо ќе создадете близок однос со вас.

Прегледи:
465
Објавено на:
24.02.2018