Категории

Европската унија ќе воведува универзален полнач за сите смартфони

Европската унија и Европскиот парламент се договорија да воведат универзален полнач за паметни телефони, таблети, конзоли и дигитални камери во Унијата до есента 2024 година, а потоа и за лаптопи, соопшти Европскиот парламент.

Регулативата, која ќе воведе USB-C на сите електронски уреди со мала и средна големина, има за цел да го ограничи отпадот штетен за животната средина и да ги заштити правата на потрошувачите кои се принудени да акумулираат некомпатибилни полначи за нивните различни уреди.

Американскиот гигант Apple, кој ја брани својата технологија за полнење, жестоко се спротивстави.