Категории

Facebook награди 10-годишно дете за хакирање на Instagram

Финскиот сајт Iltalehti објави дека едно десетгодишно момче по име Јани успешно ја хакираше социјалната мрежа Instagram, бришејќи објави на корисници, пренесува Mashable.

Ова откритие му донесе 10.000 долари на Јани како награда од Facebook, кој е дел од програмата за вакви награди. Луѓето кои ефективно идентификуваат слабости во дигиталната инфраструктура на Facebook и Instagram добиваат парична награда.

Според последната изјава на Facebook програмата за награди досега има наградено повеќе од 2.400 валидни претставки од 2011 година. Во 2015 година се исплатени 936.000 долари на 210 истражувачи. Највисоки цифри биле исплатени во Индија, Египет и Тринидад и Тобаго.

Јани и неговиот брат близнак веќе неколку години работат на оваа тема. Момчињата сакаат да ги потрошат парите на нов велосипед, опрема за фудбал и нови компјутери.

Прегледи:
494
Објавено на:
05.05.2016