Категории

Facebook со нова функција „Маски“

Компанијата Facebook ја претстави новата функција “Masks” која ќе биде достапна за корисниците на мобилна апликација Фејсбук.

Во почетокот ќе има специјални маски подготвени за Ноќта на вештерките, а потоа филтрите ќе се менуваат.

Се уште услугата е достапна само за корисниците на iOS во САД, а Велика Британија и Нов Зеланд и во другите земји функцијата „маски“ ќе се појави во наредниот период – соопштуваат од компанијата.

Изминатата пролет социјалната мрежа Фејсбук ја купи апликацијата за обработка на слики и видео MSQRD, создадено од белоруската компанија Masquerade Technologies Inc.

Со нејзина помош, користејќи ја предната камера, на лицето на корисникот можат да се поставуваат различни филтри-маски, по што сликите се делат на социјалната мрежа. Во библиотеката на апликацијата има различни маски, вклучувајќи и на познати актери.

Прегледи:
427
Објавено на:
29.10.2016