Категории

Facebook промовираше видео услуга за следење на емисии и серии

Facebook денеска го направи најзначајниот потег досега во насока на видеопазарот, промовирајќи го новиот производ „Watch“, кој им овозможува на корисниците да гледаат емисии од риалити шоуа до спорт во живо.

– „Watch“ е „место каде што можете да најдете какви шоуа гледаат вашите пријатели и да ги пратите вашите омилени емисии и нивните дејци, за да не пропуштите ниту една епизода. Ќе можете да си разговарате и да се поврзете со други луѓе, додека гледате, и да се придружите на групи на луѓе кои сакаат исти емисии – напиша Марк Зукерберг на својот профил.

Во „Watch“ ќе присуствуваат како професионално креирани шоуа, така и видеа снимени од корисниците. Новиот производ е достапен за мал број луѓе во САД засега.

Со месеци најголемата социјална мрежа навестува дека сака да стане извор на оригинални и добро продуцирани видеа, пишува Ројтерс. Во мај агенцијата соопшти дека компанијата потпишала договори со медиуми насочени кон помладата генерација како Vox, BuzzFeed, ATTN, Group Nine Medi и други.

Меѓу планираните се емисии за сафари од National Geographic, кошаркарски натпревари, совети за родителство, врски и здрав начин на живот и други.

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
365
Објавено на:
10.08.2017