Категории

Facebook воведе алатка со која ќе дознаете дали вестите што ги читате се лажни

По крвопролевањето за време на концерт во Лас Вегас минатата недела, Facebook повторно се соочи со поплава од лажни вести, а во борбата за на корисниците да им се прикажуваат само точни информации сега компанијата најавува нова алатка.

Facebook почна со тестирање на нова опција која ќе даде дополнителен контекст околу напиците кои ги читаме на News Feed за да бидеме поинформирани за тоа што го читаме, споделуваме и му веруваме. Корисниците кои Facebook ги избра за тестирањето над насловите на написите ќе се види мала буква „i“. Со кликнување на буквата ќе добијат многу дополнителни информации како податоци за издавачот на веста, но ќе има и други вести поврзани со истата тема или податоци за тоа како написот се споделува на Facebook.

извор:скопје24.мк

Прегледи:
420
Објавено на:
12.10.2017