Категории

Фарел Вилијамс е првиот маж кој ќе биде заштитно лице на Chanel ташна

Еден од ретките машки музи на иконската француска модна куќа, Фарел Вилијамс наскоро ќе стане заштитно лице на новата кампања на Chanel за ташната Gabrielle. Иако музичарот веќе неколку пати се појави на ревиите и нивните реклами, ова ќе биде прв пат еден маж да има главна улога во кампања за ташни.
Карл Лагерфилд изјави дека ташната може да се носи во различни пригоди, па дури може да ја носат и мажите. Фарел Вилијамс и самиот се согласи со оваа идеа со оглед на тоа што не се плаши од експериментирање и е секогаш храбар во своите модни избори, тој е страствен обожавател на линијата за накит на брендот како и самиот Лагерфилд.

„Иако преовладува мислењето за тоа како е само наменето за жените, почнав да размислувам дека можам да носам нешто од тоа и и како маж..“ изјави Фарел откривајќи дека исто така е голем фан на јакните и очилата за сонце од брендот. Музичарот изјави дека од неодамна почна да ја носи и ташната Gabrielle но откри дека е малку збунет бидејќи не знае што треба да стави внатре.
„Бев многу среќен што ја имам но како што знаете како и секој маж кој со себе ги носи само својо мобилен телефон и паричникот, не знаев што друго треба да ставам внатре..“.
Од Chanel изјавија дека наскоро во промовирањето на кампањата нему ќе му се придружат и Кристен Стујарт, Кара Делевин и Каролин Маигрет.

Прегледи:
308
Објавено на:
15.03.2017