Докажано е дека како Јапонија нема ниедна друга земја. Од начинот на однесување до навиките коишто ги имаат, тие навистина се посебен народ на којшто многумина им завидуваат, а има и зошто.
Погледнете неколку работи со коишто Јапонците ја красат својата држава:
1. Имале во план да затворат една автобуска постојка бидејќи немало луѓе. Но, имало само една ученичка којашто таму чекала автобус секој ден за да оди до училиште. Јапонците одлучиле да ја отстранат постојката од функција дури кога ученичката ќе заврши средно образование…
2. Јапонец садел 2 години миризливи цвеќиња во својата градина за неговата слепа жена и на тој начин ја избавил од депресија.
3. Наместо едно дрво да се уништи од некаде за да местото биде наменето за друга цел, Јапонците го отстрануваат дрвото, му ги заштитуваат корените и го преместуваат на друго место.