Категории

Фаталната Руби ќе се мажи ! Кој успеа да го освои срцето од оваа заводничка ?

Пред повеќе од 10 години не освои со неверојатен шарм и феноменален изглед, а неодамна, глумицата Барбара Мори (38), објавила дека ќе се мажи, повторно,  и тоа за секси бејзбол играчот, Кенет Реј Зигман.

На најромантичниот ден во годината, Денот на вљубените, 14 февруари, ќе се одржи интимна церемонија, најавила Руби, и нагласила дека ќе присуствуваат само најблиските пријатели  и фамилијата.

Парот се запознал преку сестрата на Кенет, Стефани која исто така е глумица и соработувала со Барбара за филмот “Алиса во Мариаланд“. Пред Кенет, Барбара била поврзувана со многу глумци и пејачи, а од бракот со глумецот Серџом Мајер добива и син Серџом Џуниор, кој денес има 17 години.

Барбара кариерата ја започнала како манекенка, а првата улога ја остварила во серијата „Астека“. Најголема популарност во Мексико, но и кај нас, стекнала со улогата во серијата „Руби“.

На 30годишна возраст таа се соочила со ракот, со денес е здрава и среќна.

Прегледи:
596
Објавено на:
25.01.2016