Категории

Фенг Шуи совети: Орхидеја за исполнување на желбите во спалната соба

Со орхидеите се покажува почит, прифаќање на саканата личност и потреба за нејзината љубов. Не само страст што може да потрае една недела или две, туку искрена, вистинска љубов …

Ако поставите орхидеја на вистинско место во вашиот дом, тоа може да биде од големо значење според Фенг Шуи принципите. “Ставете орхидеја во спалната соба во дијагонално спротивниот агол од вратата, тоа е место за здравје. Орхидеите се одлични за оваа просторија бидејќи тие произведуваат повеќе кислород ноќе од вообичаено”, вели Прија Шер, професионален фенг шуи консултант.

Исто така, што фатално им влијае на дамите, магијата на орхидејата е што може да влијае и на најсилните мажи. Таа едноставно шармира со својата убавина и елеганција. Ако подарите орхидеја, тоа е знак на вистинска љубов и почит.

Не заборавајте на орхидеи и во вашиот работен простор! Имено, една компанија постави букети со орхидеи, така што ниту еден работник не бил подалеку од 13 метри од цвеќето. Се прашувате каков е резултатот? Администраторите забележале зголемување на продуктивноста и креативноста кај вработените.

Според верувањето на фенг шуи учителите, трајноста на цветот на орхидејата има силна симболичка моќ. Не само што носи привремена радост како букет цвеќе што ќе овене за два дена, туку гарантира долгорочно исполнување на вашите најинтимни желби. Тие покажуваат на прекрасен начин дека сакате некого и дека за него се грижите длабоко и искрено.

Прегледи:
704
Објавено на:
23.10.2019