Сериозно предупредување до сите вљубеници во планинските спортови: Верувајте дека ќе мора да бидете добро физички и психички подготвени за содржината на ЕХО оваа година!
Фестивалот на планински филм ЕХО, ќе трае 5 дена почнувајќи од 19 па се до 23 ноември! Филмовите ќе можете да ги погледнете во 3 сали и тоа: Милениум, Фросина, Џебно!
Програмата ќе опфати повеќе од 2000 минути филмска програма или 55 филмови + гостувања – презентери, а наскоро ќе бидат споделени и трејлери за филмовите и инфо за презентациите.
Фестивалот на планински филм ЕХО ве поканува да учествувате на конкурсите за најдобра планинска фотографија, најдобро кратко видео и најдобар синопсис!
Наградите за публиката исто така нема да изостанат, а наскоро ќе се објават и детали за нив!
Нашето и ваше ЕХО – најмоќно до сега!