Од 5 9 октомври во Скопје ќе се одржи првото издание на Меѓународниот филмски фестивал КинеНова Скопје, со главна натпреварувачка програма посветена на дебитантски или втори филмови на автори од цел свет.
Градот Скопје ќе биде домаќин на голем број нови филмски автори од разни делови на светот, кои ќе ги претстават своите филмови и ќе се натпреваруваат за неколку награди.
Освен главната натпреварувачка, фестивалот има и неколку други натпреварувачки и ревијални програми, како и гости, реномирани филмски автори од светот.
Фестивалскиот центар и главните настани ќе бидат во „Кино Култура”, мултимедијален центар во центарот на Скопје, а фестивалските програми ќе се одржуваат и во Кинотека на Македонија и во Домот на културата во Кисела Вода.
Конечната селекција ќе биде објавена до средината на месецов.
За сите информации следете го фестивалскиот вебсајт: www.kinenova.com