Категории

(ФОТО) Ајше од „Парампарче“ се омажи со познат фудбалер -еве ги првите фотографии од свадбата во Рим!

Турската актерка Шукран Овал или попозната како Ајше од турската серија „Парампарче“ пред околу еден месец заплови во брачните води со турскиот фудбалер Чанер Еркин.

Интимната церемонија се случи во Рим, а на истата присуствуваа само најблиските на вљубената двојка која беше во врска неколку години. Турските медиуми ги објавија и првите свадбени фотографии на кои младите блескаат од среќа, а посебно Ајше која изгледа како принцеза.

Познатиот пар за овој голем и значаен чин се реши само за симболично обележување, без многу помпа и многу гости.

Инаку, Шукран иако во „Парампарче“ се појави по смртта на Ѓулсерен, публиката за брзо време го засака нејзиниот карактер од улогата како нова сакана на главниот јунак – бизнисменот Џихан.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
620
Објавено на:
09.05.2017