Категории

(ФОТО) Анџелина Џоли е вистинската кралица на модата – Вака треба да изгледа една дама

Оскаровката минатата недела го прослави својот 45-ти роденден, и сеуште изгледа божествено и заносно, а за да биде уште посовршена тука е нејзиниот беспрекорен стил поради кој со право ја заслужува титулата модна кралица.

И покрај тоа што често пати и е замерувано дека изгледа премногу слабо, Анџелина и понатаму важи за една од најубавите жени на денешницата. Со оглед на тоа што таа е максимално посветена на своето семејство и грижата за шесте деца, актерката често бира комфорна и практична облека за секојдневните обврски а воедно секогаш изгледа елегантно, префинето и дамски.

Досега никогаш не направила модна грешка, а нејзиниот стил е симбол за тоа како треба да изгледа една дама.

Прегледи:
547
Објавено на:
11.06.2020