Категории

(ФОТО) Бајковитиот град во Франција во кој ќе се заљубите на прв поглед

Прекрасен е во секој дел од годината, а особено е популарен за време на божиќните празници затоа што тука можете да го почувствувате вистинскиот божиќен дух.

Иако е најмала француска копнена регија, Алзас е без сомнение најбајковитиот предел не само во својата земја туку и во цела Европа. Се што можете да очекувате од бајките, овде навистина ќе го видите и доживеете. Во регијата Азас е сметен и Колмар, еден од најубавите и најромантични градови на светот.

Секоја улица во овој неверојатно сликовит, средновековен град е вистинска експлозија од бои. Ова место има и шармантен прекар – „мини Венеција“, а особено е возбудлива мешавината од германска и француска архитектува која му дава на градот единствен печат и ги воодушевува туристите. Неговите шарени куќи и канали изгледаат како да се створени за совршени Инстаграм фотографии.

Во Колмар живеат околу 65,000 жители, а градот е карактеристичен по сочуваниот стар град, архитектонски споменици, музеи и прекрасно уредените улици. Прекрасен е во секој дел од годината, а особено е популарен за време на божиќните празници затоа што тука можете да го почувствувате вистинскиот божиќен дух. Во центарот на градот има божиќни саеми и се изгледа магично.

Да заклучиме, куќички во разни бои, музеи, одлично вино, прекрасни камени улици створени за романтични прошетки, е се што би можело да ве маѓепса. Уживајте во извонредните фотографии на овој град кој ќе ве освои уште на прв поглед.

Прегледи:
565
Објавено на:
02.01.2020