Повеќето жени сакаат да бидат посебни на свој начин, а оттука не баш секоја дама сака на некоја друга да види сличен или ист избор на гардероба, обувки, парфем…
Улогата на деталите е да бидат највпечатливи, па затоа тешко блднеат од сеќавање, особено кога ги носат познатите. ТВ водителката Лила Филиповска може да се пофали со огромна колекција обувки, а поради работа голем дел од моделите ги чува во гардеробата на работа.
Еден од моделите со светкави камења ги носеше пред неколку години, а сега за истите сандали се одлучи и пејачката Наташа Малинкова. Случајност или не, очигледно делат сличен вкус за обувки но, важно е дека и двете умеат да ги носат на свој начин.
Извор : Вистина.мк