Во Турција уште пред неколку години серијата за двајцата вљубени шеф и асистентка има толку голема популарност, што главните протагонисти се постојано следени од медиумите и обожавателите.
Актерката Елцин Сангу или Дефне, за разлика од серијата, во реалноста не сака да го покажува својот сакан и вешто го сокрива од медиумите.
Но, тоа е речиси невозможно, па нејзиниот партнер постојано е како плен во лов на папараците. Можеби очекувавте да изгледа слично на Омер, но Јануш Оздикен е физички доста поразличен.
Во турските медиуми се шпекулираше дека Елцин е бремена, но таа категорично ги негираше ваквите гласини. Погледнете дел од заедничките фотографии на популарната актерка со саканиот.
Извор : Вистина.мк