Категории

ФОТО: Имала 140 килограми, а денеска изгледа вака!

Тајна Пачеко Барбоса го прославила своето полнолетство како девојка со неверојатни 140 килограми, но тој факт не ја вознемирувал сè до смртта на нејзината баба, која починала поради срцева болест.

Барбоса вградила бајпас на желудникот, но и од корен го променила животот, а денес е опасна заводничка по која воздивнуваат мажите.

Нејзината баба, најважната личност во животот на младата Бразилка, починала неколку месеци пред нејзиниот 18-ти роденден, а три години пред тоа, мајката на Тајна преживеала срцев удар.

Болеста и трагедијата биле “капката која ја прелеала чашата” – Барбоса конечно ги презела работите во свои раце, по што денес таа тежи само 60 килограми.

 

8 anos depois… 🙏🏻

A post shared by Thayná Barboza 🌸 (@thaynabarboza) on

“Почнав да се дебелеам уште кога имав пет години, меѓутоа сè до губењето на мојата баба и болеста на мајка ми, тоа не ми претставуваше проблем. Немав ниска самодоверба, не го обожував своето тело, но се прифаќав таква каква што сум”, раскажала девојката, откривајќи дека имала постојано и неконтролирано чувство на глад, а најчесто консумирала само нездрава и брза храна.

 

#felizpascoa 🐰

A post shared by Thayná Barboza 🌸 (@thaynabarboza) on

Кога одлучила да ги елиминира старите навики, таа во целост го исфрлила шеќерот, мастите и индустриската храна, а телото го преобликувала со помош на теретана, бокс и бодибилдинг.

Денес, Тајна е ѕвезда на Инстаграм со повеќе од 54 илјади следбеници кои секојдневно ги мотивира и ги инспирира да преземат нешто доколку се незадоволни со својот изглед.

 

Прегледи:
669
Објавено на:
11.04.2018