Категории

(ФОТО) “Mule” чевли: Популарниот модел на обувки кои трендсетерките го обожаваат

Трендсетерките се опседнати со овој модел на обувки, ги носат во секакви комбинации

Доколку мокасините ви се одлични кога ги гледате на други, но не сте подготвени да ги носите на себе, тогаш обувките “mule” се совршениот избор за вас. Тие станаа најпопуларни кога Сара Џесика Паркер, поточно Кери Бредшо ги носеше во текот на емитувањето на најпопуларната серија на сите времиња “Sex And The City”

Минатата година го достигнаа врвот на својата популарност за време на пролетната и летната сезона. Mule е француски збор кој означува чевел со затворен преден дел а отворен заден дел кај петицата. Првичниот модел е токму таков, но потоа излегоа варијации со отворени прсти на “Open toe mule” со отворени прсти наменети за врелите летни денови.

Тие се вклопуваат во секоја модна комбинација. Можете да ги носите со фустани, фармерки, панталони. Изгледаат елегантно и шик, а во исто време лежерно и кежуал.

Прегледи:
552
Објавено на:
15.05.2020