Категории

(ФОТО) Најпопуларното модно парче од ’90-тите тотален хит оваа пролет

Ова модно парче ќе ја одбележи топлата сезона, а има и зошто – неверојатно е практично.

Голем број трендови од ’90-тите се вратија во текто на есенската и зимската сезона а така ќе биде и во текот на оваа пролетна сезона.
Модата се менува но некои парчиња остануваат актуелни и колку години да поминат. Трендсетерките веќе одамна го пласираја трендот на носење на кратки маици и кошули, а сега на ред дојдоа и кратки џемпери.

Кога моменталната ситуација со коронавирусот ќе се стабилизира, на улиците често ќе гледаме стајлинзи во кои главниот акцент ќе го имаат плетените парчиња.

Овие кратки џемпери се одлични за свежите летни ноќи, даваат женственост и елеганција во секој стајлинг а можат да се комбинираат на многу начини. Со фармерки, панталони, тренерки, со високи потпетици и патики, тие се мултифункционални па не постои причина зошто да не ги обожаваме.

 

Прегледи:
651
Објавено на:
23.04.2020